Уапсен скопјанец кај кого се пронајдени украдени пригушници од железничка пруга - предметите вратени на „Железници“

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.С.(45) од Скопје.

Од МВР информираат дека 45-годишниот З.С. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево.

По добиената пријава, преземени биле соодветни мерки и активности и З.С. бил приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РСМ“.

„По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија оттаму.