Уапсен радовишанец кој бил агресивен кон сопствената 78-годишна мајка

Уапсен 54-годишен маж кој бил агресивен кон сопствената 78-годишна мајка. 

- На 08.05.2026 во 10:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон неговата 78-годишна мајка. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, соопштија од полцијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.