Уапсен маж од струшко, полицијата му пронајде оружје и дрога во автомобилот

Полицијата уапси лице од струшко, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Следува соодветна пријава

Како што информираа од полицијата, вчера во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта. При преглед во паркирано патничко возило „дачиа дастер“ со албански национални ознаки, во кое тој се наоѓал, полициските службеници труга, пронашле отворен патнички куфер и ќеса со марихуана, додека во багажниот простор биле пронајдени пакување со бела прашкаста материја, два пиштоли, 105 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети.

Пронајденото било одземено и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.