Уапсен маж кој крадел од заклучено возило во Скопје

На 23.12.2021, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и  Единица за интервентна полиција го привеле А.А.(37) од Скопје, поради тоа што истиот ден на ул.,,Лазар Личеновски" одзел повеќе предмети од незаклучено возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(28) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.