Уапсен малолетен разбојник на Бит Пазар

На подрачјето на Бит Пазар, синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.

Како што соопшти МВР, разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје. Парите се вратени на оштетената.