Уапсен криумчар на мигранти, сакал да превезе 4 лица од Либан

Денеска во 01.45 часот бил уапсен 51-годиниот Б.М од Гевгелија поради обид за криумчарење на мигранти.

Настанот се случил на локален пат кај место викано „Понов мост Богородица“ каде полицијата при извршен преглед на патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски таблички, кое тој го управувал, биле пронајдени четири лица, мигранти од Либан

Од МВР велат дека е известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додека мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.