Уапсен криумчар на мигранти од Бангладеш, бил фатен на границата со Грција како води 8 лица од Непал

Вчера во 00.20 часот во близина на границата со Грција, полицијата го уапсила 23-годишниот А.Н. од Бангладеш кој водел група од осум лица мигранти од Непал

„Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена“, се вели во билтенот на МВР.