Вчера околу 23 часот бил уапсен 21-годишниот Ф.А. од Тирана, Албанија поради криумчарење на мигранти. Имено тој на местото викано „Костурник“, кај Куманово полицијата забележала возило „ауди А3“ со косовси таблички како превезува мигранти а управувано од Ф.А.
Иако му бил даден знак стоп да застане, пријавениот одбил да го направи тоа и продолжил со движење кон село Речица при што излетал од патот. Ф.А. е уапсен од страна на полицијата а во возилото бил пронајден и еден мигрант од Непал, С.Р( 29). Полицијата презема мерки да ги најде и останатите мигранти и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.