Вчера во 16:20 часот бил уапсен 28-годишниот А.С. од Кичево на автопатот Гевгелија - Демир Капија, кај тунелите Демир Капија.
„При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“.Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од МВР.