Уапсен крадецот на уметнички дела во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Центар полициски службеници од Полициска станица Центар го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.

За него била издадена локална потерница, поради постоење основано сомнение дека сторил две тешки кражби на уметнички слики од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година.
Дел од украдените уметнички слики се пронајдени и вратени на сопственикот. Е.Д. е задржан во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е  мерка притвор.