Денеска на ул.„Волт Дизни“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле 30-годишниот Н.И. од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница откако требал да доиздржи пет години и девет месеци од вкупно 10 години откако бил фатен за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик
Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено - поправна установа за доиздржување на казната.