Вчера околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници го уапсиле 26-годишниот Ф.Ш од Косово поради криумчарење на 7 мигранти.
„При извршен преглед на патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш. Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје и по целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.