Уапсен Грк на „Табановце“, во возилото му биле пронајдени пиротехнички средства

Полицијата вчера приведе грчки државјанин на Табановце, а во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства.

„ Околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства“, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава.