Уапсен Грк на „Табановце“, сакал да поткупи граничар со 5 евра

Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата го уапсила-годишниот С.П.П од Република Грција поради обид да даде поткуп на вработен на граничниот премин.

„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра“, информира МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.