Уапсен гостиварец кој требало да одлежи затвор за фалсификување пари

Полицијата уапси 58-годишен гостиварец кој се барал за затворска казна поради фалсификување пари. 

- На 18.02.2025 во 22.30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.С.(58) село Чегране, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ по член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, стои во денешниот полициски билтен. 

Тој бил предаден во Казнено - поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.