Уапсен дилер од Скопје баран со потерница

Денеска во 11.35 часот на ул.„Благоја Стевковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Гази Баба и Ѓорче Петров го лишиле од слобода Г.Г.(43) од Скопје, информира МВР.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.