
При претрес во Прилеп пронајдена била дрога и лишено од слобода било едно лице.
Како што информираат од МВР, вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(39) од Прилеп.
По претходно издадена наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дигитална вага и други предмети.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.