Уапсен 60-годишен возач од Радовиш: „Ѓон“ пијан предизвикал сообраќајка

Лишен од слобода возач во Радовиш затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа.

Како што информираат од МВР, ноќеска (13.12.2025) во 02:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица на улица „8 Септември“ во Радовиш го лишиле од слобода В.К.(60) од Радовиш.

При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, било констатирано дека В.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.63 промили алкохол во крвта.