Денеска во 13.50 часот на ул.„Веле Марков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(60) во Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираа од МВР.