Уапсен 50-годишен маж, во приколката од тракторот му пронашле опожарени дрва

Вчера во 17.30 часот, од страна на полицијата е уапсен 50-годишниот Т.М од село Пепелиште, неготинско. При извршена контрола на приколката закачена на трактор „имт“ било утврдено дека Т.М. превезува опожарени огревни дрва без документација.

Лицето било приведено во полициска станица, дрвата биле одземени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.