Уапсен 26-годишен гостиварец, се обидел да киднапира малолетничка

Уапсен 26-годишен гостиварец од страна на полицијата откако вчера се обидел да го киднапира малолетничка.

„Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција“, велат од МВР.