Денес во 01:15 часот по полноќ во близина на с.Богородица, гевгелиско, е уапсен 25-годишниот Д.Б. од Турција од страна на полицијата.
При преглед во возилото „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
„ Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.