Уапсен 24-годишник, украл 3 тони железо од дворот на фабрика

Вчера во 10.15 од страна на тетовската полиција бил во кругот на фабрика во Тетово е уапсен 24-годишниот Ш.С. од с.Требош, тетовско.

„Тој се сомничи дека е извршител на кривично дело „кражба“ на околу три тона котури со железо, кривично дело кое било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија. Тој е задржан во СВР Тетово за расчистување на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок“, се вели во билтенот на МВР.