
Приведено е 24-годишно лице од тетовско за издржување едногодишна затворска казна.
Како што информираат од МВР, вчера (11.11.2025) во 13:25 часот во село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го приведоа Б.Н.(24) од село Желино, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна, информираа од МВР.