Уапсен 21-годишен разбојник за издржување на казна затвор

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров, вчера во 16:00 часот во скопското село Кондово, го лишиле од слобода С.Ф.(21) од село Кондово.

Како што информираат денеска од МВР, за него била распишана потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.