
Во Скопје изминативе две години често низ социјалните мрежи се коментираат новнонастанитите архитектури низ општините.
Најпознати иронично окарактеризирани се „центарската“, „чаирската“ и „битпазарската“ архитектура.
Така, вчера на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) повторно се појави една карактеристична градба на центарската архитектура.
Нашите згради се градат по најдобрите стандарди во градежништвото.
*Стандардите во центарот на Скопје* pic.twitter.com/QCiyV0USJN— (@RLothbrokJr) January 27, 2026
Судејќи според сликата која ја објави овој „твитерџија“, може да се забележи како на наовноизградена зграда, столбот како да накривнува малку повеќе.
Инаку, пред две недели, актуелно беше видео на кое можеше да се забележи како врз поткровјето на постоечка зграда кај Бит Пазар се доградуваат уште неколку ката.