
Откако во јавноста беше споделена прекрасната вест дека жена на возраст од 58 години забременила со процедура ин витро и очекува тројка, на социјалната мрежа „Х“, „твитерџија со псевдоним „Македонски Генерал“ сподели контроверзно мислење по овој повод.
Тој смета дека да се роди тројка на 58 години не било медицинско чудо, туку себичност.
Неговото мислење го аргументира со тоа дека кога децата ќе тргнеле во 5-то одделение, мајката ќе одела со бастум.
„Дали некој размислува што со тие деца понатаму, или битно е да се задоволи сопствената желба?“, прашува тој.
За крај порача дека едвај чекал да му биде објаснето како ова било благослов.
„Да родиш ТРОЈКА на 58 год. не е медицинско чудо, туку себичност! Кога децата ќе тргнат во 5-то одд. ти ќе одиш со бастум. Дали некој размислува што со тие деца понатаму, или битно е да се задоволи сопствената желба?! Едвај ги чекам мамичките да ми објаснат како ова е благослов!“, гласи „твитот“.
Да родиш ТРОЈКА на 58 год. не е медицинско чудо, туку себичност!
Кога децата ќе тргнат во 5-то одд. ти ќе одиш со бастум.
Дали некој размислува што со тие деца понатаму, или битно е да се задоволи сопствената желба?!Едвај ги чекам мамичките да ми објаснат како ова е благослов! pic.twitter.com/DJCy3h4fwo
— Македонски Генерал (@Avtonomen1913) June 9, 2026
На неговата објава се надоврзаа и други, од кои, неколкумина го споделија истото мислење, а друг пак упатија сериозни критики за ваквото размислување.
„Благослов е, секој што има деца знае каква радост е тоа па и на 100 години. Може луѓето се добро ситуирани и децата веќе се обезбедени и повеќе од тоа што ти за 5 животи може да го оствариш. Интересно е како вие огорчените и неостварени инцели секогаш имате мислење на оваа тема“, вели профилот со псевдоним „Каизен“.
„Ова е чист македонски менталитет, без притоа да бидеш на нечие место и да ја почувствуваш неговата мака и страдање, осудуваш и пресудуваш како да си Господ. Оди оплакувај се сам себе и твојот живот кој ти тапка во место, па за да заборавиш се занимаваш со туѓиот“, напиша профилот „EndurinGrace“.