Во медиумите утрово се објави информација дека Државниот пазарен инспекторат синоќа го затворил локалот „Интермецо“ поради непочитување на мерките и протоколите за справување со Ковид 19.
Твитерџиите денес се поделени околу оваа информација, дел од нив сметаат дека „пломбата“ е оправдана, а други пак сметаат дека тоа е култен локал кои треба да продолжи да работи.
Помеѓу вторите најгласен е Томе Корнер кој смета дека Интермецо е врвно место и негодува што дел од твитерџиите „ликуваат“ за неговото затворање:
Срце ме боли за Интермецо врвно место,во секој поглед врвно!
Факт дека е меѓу згради, ама па тоа е цената на живеење во центар на град...
Гледам сега по социјалниве мрежи, ликуваат и пењават некои ликови, кои ги знам по 40 години, кои и тогаш беа и сега се гомна, брука....— Професор Др. Цветковиќ (@tome_corner) September 8, 2021
Сеа дека интермецо се затвори, ЌЕ:
-Запре ковид
-Спие мирно насељето
-Нема тинејџери пред силбо, по бензиски
-Престанат да се дрогираат и пијанчат
-Се намали шваљерајот
-Дојде мир на сите, тотална нирвана.Полно и рамно.
Честита независност на Македонија!
— Лек #НајБлокиранТвитерџија (@ZemiSiLek) September 8, 2021
Но, има и такви кои сметаат дека одлуката е правилна и дека конечно треба да се стави крај на дивеењето на локалите во градот:
И шо викаш? Сељачаана вчера се изнабутала во Интермецо и било хаос? pic.twitter.com/tQ2cpdps1B
— Брусница Вејн (@TheBatLadyM) September 8, 2021
Го затвориле Интермецо - Фала курцу, збирштина на снобовско-курчаторски квази фраери и наапани батулиња. На страна фактот шо 6 пути игнорираа Ковид рестрикции у најјак пик на Ковид.
Урбано Скопје заслужуе многу боље.
— Бапчо (@TheFitzzz) September 8, 2021
"Затворено скопското кафуле „Интермецо“ среде журка со Роџер Санчез, не се почитувале протоколите за ковид-19."
Уште 30 пломби и Нова година. Ебаго.
— Фред Џонс (@Freddy_AFC) September 8, 2021