„Твитерџии“ распалија по охридските Варошани за тоа како тие го третираат фрлањето на крст за Водици

По повод еден од најсветите денови за православните христијани - празникот Богојавление-Водици и фрлањето на светиот крст во водите е традиција која во Македонија трае со години.

Највпечатливо, но и најмасовно е фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро, каде не е ново по него во Охрид да скокаат верници од други градови, па и од други држави.

За охридските Варошани, тоа е на ниво на „олимписка“ дисциплина, кои веројатно се најфанатични кон овој обичај.

Така беше и годинава, кога вторпат по ред светиот крст од Охридското езеро го изнесе варошанецот Мартин Гоџо, а истото го направи и во 2022 година.

Во врска со тоа, помеѓу „твитерџии“ веднаш се разви дебата.