
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), профилот со псевдоним „Ракија“ постави прашање за тоа дали има некој осигуреник на Фонд за здравство да оперирал жолчка без да плати од 600 до над 1000 евра?
Во одоговорите кои што ги доби, беа изнесени шокантни тврдења, каде граѓани јавно признаваат дека за да побрзо завршат работа, односно да се оперираат во јавно здравство, „фаќале врски“.
„Јас се оперирав прошлата година на државно , чекав 7-8 месеци, нешто ме зафркаваше докторот. Ама кога најдов појаки врски за 1 месец заврши се. Не платив ништо бидејќи сум крводарител. А на дополнителна дејност се плаќа околу 48000 денари“, пишува профилот „Македонско девојче“.
Јас се оперирав прошлата година на државно , чекав 7-8 месеци, нешто ме зафркаваше докторот. Ама кога најдов појаки врски за 1 месец заврши се.
Не платив ништо бидејќи сум крводарител. А на дополнителна дејност се плаќа околу 48000 денари.— Македонско Девојче (@DevojcetoodMKD) May 15, 2026
Исто така, со такво признание излезе и профилот со псевдоним „Дилберовка“.
„Да, јас. Пред 2 години. Некоја сума под 3000 ден. Ама со врски. На државно, за приватно да ме оперира истиот доктор, ми бараа 700 евра. Сето тоа со амин од Министерство за Здравство. Најлегално“, гласи твитот на „Дилберовка“.
Да, јас. Пред 2 години. Некоја сума под 3000 ден. Ама со врски. На државно, за приватно да ме оперира истиот доктор, ми бараа 700 евра. Сето тоа со амин од Министерство за Здравство. Најлегално.
— Dilberovka (@Dilberovka) May 15, 2026
Но секако имаше и други различни коментари и искуства.
Легално мито
— Ракија (@EdnaRakija) May 15, 2026
На државно не би требало да е повеќе од 2-300 еура
— Бајко (@abajkovMKD) May 15, 2026
На државно се чека месеци. Струга со дветри стотки неколку недели се чека.
— Лошото детиште Хуго (@loshotodetishte) May 15, 2026
Во државна болница со договор со ФЗО Највисока партиципација е 6000 денари. Се друго е криминал.
— jas (@corcordis69) May 15, 2026