Твитерџии го откриваат идентитетот на функционерот кој прегази девојче во Кисела вода

На социјалните мрежи вечерва се прошири веста дека лицето кое ја направило сообраќајната незгода во скопската населба Кисела Вода е директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов - Дац.

“Пред малку во Кисела Вода кај шампионче Драган Спасов со кола прегазил девојче. Дрегерот покажал 2.35 промила?!“ - напиша на твитер.

Веста дека Драган Спасов - Дац е лицето кое ја предизвикало сообраќајната несреќа ја објави и порталот Плус Инфо.

Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, вечерва на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, дознава Плус Инфо од упатени извори.