
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), покрај целонеделната неисцрпна дебата околу „Безбеден град“ (Сејф сити), се отвори една нова, интересна тема околу начините за затоплувањето на домовите - кои се поевтините и поефикасни начини.
Дебатата е особено интересна, земајќи во предвид дека деновиве скопјани реагираат дека декемвриските сметки за парно ќе бидат повисоки за 6%, но се жалат дека греењето е слабо, скоро и да го нема, па со вакво парно греење, велат дека сметките треба да се намалат, а не да се зголемат.
Од друга страна, денеска исто така, се појави вест дека цената за за пренос и дистрибуција на струјата ќе се намали од 1 јануари 2026 година.
Еве што мислат „твитерџиите“:
И додека траат неисцрпните дебати околу толеранцијата на радарите од Безбеден Град (шијо ми га Ѓуро безбеден), гарант ќе поскапи струја, греење и уште по некој витални услуги /намирници, и ние сите заедно ќе станеме уште троа сиромашни.
— Skopskiot (@Skopskiot) December 3, 2025
Ќе се согласиме дека топлотните пумпи, вклучително и климите, имаат навидум магични особини. Даваш еден киловат струја, а добиваш 4-5 киловати топлина. Во есен и повеќе.
Тоа е затоа што немаат класични греачи, туку ја земаат топлината од надвор и ја пумпаат внатре.— A|_|_ ||_|_|_|S|0NS (@All_Illusions) December 4, 2025
Топлотните пумпи најчесто одат со подно или фенкојлери.На обични компакт радијатори не треба да се ставаат ко тука што лажат мајстори и сл.Климата го грее горниот слој на воздухот и затоа кога мислиме греење и топло не се сметаат во грејни тела.30год работевме греење
— ЛаБуБу (@K0l0voz) December 4, 2025
Модерниот тренд во светот е електрификација на сѐ, вклучително и греењето. До сега не е измислено поефикасно греење на струја од греење со клима, односно топлотна пумпа. На запад веќе ги менуваат бојлерите на гас со топлотни пумпи.
— A|_|_ ||_|_|_|S|0NS (@All_Illusions) December 4, 2025
Не знам кој процент е греење на струја, но знам дека голем број нови згради им ставаат само клими за греење, особено откако почнаа многу станови да се исклучуваат од парно своеволно. Јас сум на клима исто со години и години и сум задоволен и од комфор, а особено од цена.
— A|_|_ ||_|_|_|S|0NS (@All_Illusions) December 4, 2025
За Британија знам дека е забрането се освесвен гас и струја да се користи и тоа им помогна а другиве земји се 50/50 гас струја. Кај нас не знам кој % е греење на струја, имаш право фали гас
— Iv0P0p Sivi (@IvoPop_) December 4, 2025