Твитер реакции: Нескафе во Скопје за 170 денари - лажичка кафе, малку млекце и неколку коцки лед

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), дел од „твитерџиите“ реагираа на високата цена на кафето во едно од познатите кафулиња во Скопје.

Твитер профилот „Професорката Мила“ вели дека за едно Нескафе платила 170 денари, а се пожали и на услугата.

На нејзиниот „твит“ се надоврза и профилот „Конструктивниот“ кој исто така реагираше на сметка на ова кафуле.

Со коментар на тоа, се надоврза и „Man from Skopje“ кој вели: „Ова не е Тренд од твое и мое време. Ова е Тренд за странци за турски, бугарски и српски туристи. Одамна не е наместено за ја и ти да уживаме таму“.