Твитер: Да дозволиш да ти блокираат пола тераса и дел прозорците треба или да си банкрот или да те уценат со најмилото нешто

Твитер профилот ManfromSkopje, постираше слика со зграда на „Партизанска“ каде се гледа како е поставена огромна реклама по речиси цела должина на зградата притоа блокирајќи им ги пола од терасите на станарите или дел од прозорците. Во напишаното се вели дека да се дозволи ова или куќниот совет треба да е банкротиран или станарите се уценети со нешто.

„Да живееш на партизанска во најскапото маало во центар.. и да ДОЗВОЛИШ со картон ваков светлечки - да ти блокира пола тераса светло и цел прозор мал од спална:

- треба да си или банкрот, или те надгласал 51% од куќен совет (кој што е банкрот) или па те уцениле со најмилото нешто. Јас за ова нагрдување на една од поубавите стари згради во Скопје друго објаснување немам“ стои во постот.