Твит: Собери 15 датуми за ЕУ и освој волја!

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и потпреседател на Европската Комисија Жосеп Борел вчера при посетата на Скопје изјави дека не може да вети датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но, како што истакнува, ветува волја, а каде има волја, има и начин.  

Изјавата наиде на бурни реакции, а на социјалните мрежи се пошегуваа за „нашиот влез во ЕУ кој никако да почне“ бидејќи наместо конкретни одговори од претставниците на Унијата речиси секогаш добиваме само слаткоречивост.