Турскиот филм “Мед и крем” се снима на повеќе локации во Македонија

Онур Тан, еден од најпознатите турски режисери, својот нов филм го снима во Македонија.

Филмот е насловен "Мед и крем". Режисерот зад себе има повеќе филмови, а неговиот последен филм "Не може да станете владател на светот" моментално е најгледаниот филм во Турција.

"Во овој нов филм ќе уживате, снимавме на прекрасни места низ Македонија", вели Тан и оскудно открива дека филмот е семејна приказна.

Во моментов екипата од познати актери и Онур се наоѓаат во Лазарополе.

Тој додава дека не е случајност што ја избрал баш Македонија за снимање на филмот.
"Работиме без прекин, затоа што треба до празникот Бајрам да биде завршен и да почне да се емитува на малите екрани", изјави Тан.