Турската серија „Балканска приказна“ вечерва со Гала промоција во Куршумли ан

Во Куршумли ан, во Старата чаршија во Скопје, денеска ќе се одржи Гала промоција на првата епизода на турската серија „Балканска приказна“ (Balkan Ninnisi), која се снима низ локации во Скопје од страна на Националната телевизија на Република Турција, ТРТ1.

Од вкупно 11 предвидени епизоди од серијата до сега се завршени снимањата од првата епизода, а во тек е и снимањето на втората епизода, но доколку добие висок рејтинг во Турција, ќе се снимаат и повеќе епизоди вклучувајќи и други градови низ земјава.

Во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи.