Турската авиокомпанија „Сан експрес“ следната година ќе лета од Скопје

Турската авиокомпанија „Сан експрес“ ќе ги поврземе турскиот град Измир со главниот град на Република Македонија. Ова го покажува распоредот на летови за следната година.

Првиот лет е закажан за 23 мај, додека последното полетување за 19 септември.

Компанијата ќе лета еднаш неделно, секоја сабота. Отстапки од редот за летање ќе има само во јуни кога до Измир од Скопје ќе може да се лета само првата и последната сабота во месецот.