Турци со „рент а кар“ возило се движеле во спротивна насока на еден скопски булевар

Завчера во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.