Турчин фатен на радар кај Гевгелија: „Летал“ над 200 километри на час

Вчера во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46).

Од МВР информираат дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

Тој бил исклучен од сообраќај и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Од МВР посочија и дека против него била поднесена соодветна пријава.