
Кривично ќе одговара млад Турчин кој во Скопје продавал дрога. При претрес, тој доброволно ја предал дрогата на полицајците.
- СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.К.(22) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.05.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој доброволно им предал марихуана, информираа од МВР: