Трпејца, македонското Сен Тропе - место за парови, за семејства, за млади и стари

Периодов Охрид и околината се преполни со наши и туристи, а Трпејца е местото кое никој не треба да го пропушти.

Доколку викендов и вие сте помеѓу сите оние кои ќе уживаат во убавините на Охридското Езеро, не се двоумете со време да си фатите место, затоа што во Трпејца уште од раните утрински часови е полно.

Трпејца или македонското Сен Тропе како што многумина го нарекуваат е вистински рај на Охридското Езеро.

Ова местенце на прв поглед делува како вистински избор единствено за фамилијарните луѓе. Но, не дозволувајте мирната атмосфера и руралната средина да ве излажат! Трпејца е полна со вистински изненадувања и може да понуди по нешто за секого. 

Ве уверуваме дека во Трпејца ќе се пронајдат родителите со желба да пронајдат безбедна забава за нивните деца, осамениците кои трагаат по мир и тишина, заљубените парови кои имаат потреба за романтика и распламтување на љубовната страст, па дури и откачените друштва очајни за авантура и летни лудории.