Тројца скопјани уапсени за марихуана

Полицијата во текот на вчерашниот ден апсеше, во три одделни случаи, за марихуана. 

На 23.01.2022 во 10.10 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 23.01.2022 во 13.10 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 23.01.2022 во 03.45 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ф.В.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.