Тројца скопјани направиле вистинска драма во Зелениково - на полицијата ѝ кажале различни верзии за инцидентот

Вчера во 07:30 часот  во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(37), В.Д.(46) и А.Д.(21), сите од село Зелениково, постапувајќи по претходна пријава од А.Н. дека на 11.08.2026 околу 21:00 во Зелениково, В.Д. и А.Д. му се заканувале со остар предмет, а потоа му го оштетиле неговото возило, при што се здобил со повреди, се наведува во полицискиот билтен.

Исто така, В.Д. пријавил дека на 11.08.2026 околу 23:00 часот во Зелениково, А.Н. му се заканувал со стаклен предмет, а потоа со патничко возило му ги прегазил стапалата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.