Тројца пријавени за насилство во Копаница, еден заврши во домашен притвор

Тројца жители на скопското село Буковиќ се пријавени за насилство врз 25-годишен жител на Арнакија, што се случило завчера во селото Копаница.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р., додека другите двајца со тврди предмети го оштетиле неговото возило.

По преземените мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(34). Од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка домашен притвор.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на другите двајца пријавени.