Тројца повредени во судир помеѓу две возила

Вчера во 23.40 часот во Полициската станица Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар.

Во несреќата учестувале патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (24) од Тетово и патничко возило „Хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(51) од село Стар Балин Дол, гостиварско.

„Со тешки повреди се здобил сопатникот А.Л.од патничкото возило „мерцедес“, додека пак со телесни повреди се здобиле возачот на „Мерцедесот“ и неговиот втор сопатник - А.З. Повредите се констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар“, се вели во билтенот на МВР.