Тројца повредени полицајци во две одделни сообраќајни незгоди

Полицискиот билтен регистрира две сообраќајни незгоди во кои учестувале припадници на МВР.

Првата незгода се случила на бул.„Александар Македонски“ во Скопје во 00.10 часот откако патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот

Втората незгода се случила во 1 часот по полноќ каде во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(58) од Скопје и патничко возило „дачија сандеро“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник Н.С.(31) од Скопје. Во оваа несреќа со повреди се здобиле Н.С и неговиот сопатник Н.С.(48) од Скопје.

И во двата случаи повредите на полициските службеници биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а увид на двете места бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.