Тројца повредени откако со возило излетале од автопатот Скопје - Неготино

Три лица се повредени откако со возило излетале од автопатот Скопје - Неготино. Овој настан се случил вчера во 15:20 часот пред исклчувањето Велес кај Башино село.

„Имено патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците 61 – годишната Д.Т.и В.Т.(66), сите од Кавадарци, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“, се вели во билтенот на МВР.