Денеска (02.11.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Апсења имало и вчера.
Вчера во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така вчера, во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Х.(22) и Р.М.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја како и алуминиумска фолија со непозната течна материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваатсоодветени поднесоци против сторителите.