Трогателно сведоштво: Поради грешка на доктор Асани ќерка ми има церебрална парализа

2 години по раѓањето малата Амила речи си и да нема излезено од болница. Семејството Несимовски од Дебар тврди дека е жртва на лекарска негрижа на струшкиот гинеколог Мухамед Асани. 5 дена пред Нова Година во 2018та по прегледот кај матичниот гинеколог во Дебар, мајката Сенида била предупредена дека бебето е замотано во својата папочна врвца и дека е потребно итно да биде породена со царски рез во Струга. Татко Бајрам воопшто не губел време и со сопругата веднаш заминал во Струга каде го пречекал докторот Асани, го пренесува Сител ова сведоштво. 

Само што ја примил за пораѓање, од таткото побарал 100 евра во кеш.

Бајрам добил уверување од доктор Асани дека состојбата е во ред и му рекол дека нема простор за грижи. Цели 8 часа не успеал да добие никаква информација за својата сопруга. Дека работата не е како што треба му станало јасно кога доктор Асани излегол од породилната сала и му ги вратил 100те евра кои Бајрам му ги дал пред пораѓањето без да му каже ништо. Дека детето ќе има проблеми на Бајрам му навестил предијатарот кој прв го прегледал бебето.

Тука почнуваат проблемите за семејството Несимовски. Малата Амила итно е префрлена на скопските клиники каде што лекарите констатираат страшна дијагноза

Бајрам и неговата сопруга Сенида се убедени дека станува збор за лекарска грешка бидејќи бебето 45 минути било практично задавено со својата папочна врвца бидејќи доктор Асани, наместо да изведе царски рез, чекал мајката да се породи природно.

Бајрам вели, во 4 очи сите лекари му признаваат станува збор за класична лекарска грешка но јавно, никој не сака да зборува против свој колега. Сепак тој не се обесхрабрува

Бајрам е втор родител кој го обвинува директорот на струшката блница Мухамед Асани за лекарска негрижа. Пред само неколку дена, неговата сограѓанка, медицинската сестра Јлдиз Веаповска пред камерата на Сител сведочеше за се што поминала низ родилната сала на доктор Асани од каде заминала без матка, бубрег и еден јајник.
Вчера Дражвниот санитарен и здравствен испекторат со полициска асистенција влезе во домот на Асани но што точно се случувало таму засега нема официјални информации.
Доктор Асани рече дека нема да ги коментира обвинувањата против него и дека ќе остави на надлежните да го кажат последниот збор.